КОРИСТЕЊЕ ПОЕНИ

Користењето на стекнатите поени се врши со приложување на картичката ВЕРНА Classic и впишување на ПИН- кодот на пин-пад во продажните места на „Макпетрол“.

Поените може да ги користите за сите производи од дополнителниот асортиман на Бензинските станици, за производите од програмата на Хонда и на Дел, за гумите за возила, како и за услугите на хотелите на „Макпетрол“

Поените не може да ги користите за купување цигари и гориво.

Поените не можат да се заменат за готовина.

Поените не можат да се подарат, да се префрлат, или на друг начин да се направат достапни за кое било друго лице, освен за носителот на ВЕРНА картичката.

Висината на поените што ќе ги користите не смее да биде поголема од 50% од вредноста на направената сметка. За делот платен во готово или со банкарски картички повторно ќе Ви се впишат поени, а за делот платен со поени истите не се запишуваат.

Зачленете се на нашиот NEWSLETTER и добивајте известувања за сите нови акции и производи:

©2014 МАКПЕТРОЛ АД. Сите права задржани.